Мексиканскиот јутјубер Герман Лоера (25) е осуден на 50 години затвор за организирање на киднапирање во февруари 2018 година.
Герман Абрахам Лоера Акоста бил еден од шесте мажи кои киднапирале 33-годишна адвокатка во мексиканската држава Чивахуа и ја присилиле да влезе во нивниот автомобил, пишува Би-би-си.
Ја однеле во куќа изнајмена од Лоера, каде ја држале и барале 2 милиони пезоси во биткоини (околу 100.000 долари).
Полицијата ја спасила киднапираната жена два дена подоцна и во исто време ги уапсила четворицата киднапери. Покрај затвор, сепак треба да платат и половина милион пезоси казна, пренесува Би-Би-Си.
Генералниот јавен обвинител на Чивахуа, Цезар Пениче изјави дека Лоера е личност која е добра во комуникацијата преку интернет преку кој преговарал за условите, но на крајот истиот ден им се влегло во трагата на биткоините.
Лоера е поранешен инфлуенсер кој го поседува каналот LoeraMX на Јутјуб и бил извршен директор на фирма за маркетинг и дизајн. Тој зборувал на Јутјуб за маркетинг и бизнис, а во неговиот опис се вели дека „умот е единственото нешто што нè ограничува“.
Тој со своите придружници споделувал мотивациски совети за тоа како да го подобрат својот професионален и личен живот.
„Вие не сте иднина, вие сте сегашност, затоа живејте и постапувајте соодветно. Можеме да ја претвориме оваа земја и овој свет во нешто посебно“, е еден од неговите совети.
Тој одржува мотивациски говори и учествуваше на Светскиот конгрес на млади лидери за мир во светот.
FOTO: GermánLoeraMX / YOUTUBE