Во Кривичниот суд претпладнево се очекува да продолжи судењето за случајот „Рекет“ со последните сведоци на одбраната на Бојан Јовановски.
Претходно сведочеа модниот стилист Сергеј Варошлија, сопственичката на оптика Марија Јанковска, сопственик на галерија Алекс Кртов, возачот на 1 ТВ и хурург од болницата „ Аџибадем Систина“. Јовановски има предложено 12 сведоци, од кои тројца како што рече судијката, Дејан Панделевски, Владимир Тодоровиќ и Јовче Ременски, се повлекуаат на барање на одбраната.
Судењето го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Катица Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание и беше осуден на три години затвор.