Околу 11,30 часот вчера во Гостивар на улицата „Илинденска“ од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, вршејќи редовна служба било запрено патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Љ.(32) од Скопје.
При преглед во возилото, под десното совозачко седиште била пронајдена црна ташна во која имало огнено оружје-пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7,62 мм и една рамка со девет куршуми.
Со потврда за привремено одземени предмети, оружјето било одземено, а лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.