Одбраната на обвинетите за случајот „Ласкарци”, на денешното рочиште ќе има можност да постави прашања на градежниот вештак.
Обвинителот кој го застапува обвинението за овој предмет Дарко Јакимовски, за МИА објаснува дека ако се успее да се заврши сослушувањето на вештакот, обвинителството ќе продолжи со презентација на материјални докази.
Судењето за овој предмет го води судечкиот совет на чело со судијката Диана Груевска – Илиевска.
Во тешката сообраќајна несреќа која се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени.