Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид синоќа го реализираше проектот „Полициско-родителски патроли“.
Во активноста покрај припадници на СВР биле вклучени 15-тина родители што доброволно се пријавиле да бидат дел од проектот, како и претставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници од училишните одбори и од советот на родители од образовните центри во Охрид.
Притоа биле посетени ноќни клубови и угостителски објекти како и други места каде се собираат пред се тинејџери, при што родителите имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои се можни да се случат во текот на ноќните забави. Полициските службеници, согласно овластувањата, легитимираа повеќе гости во угостителските објектви и предупредени се неколку малолетни лица околу законските обврски што мора да се почитуваат