Женско бебе од само 500 грама било родено во сибирската област Бурјатија, уште во октомври. Бебето било родено во 23-та недела, а било со големина на пенкало.
Благодарение на големата посветеност на лекарите, во наредните 4 месеци многу напредувало, па пред неколку денови девојчето, кое сега тежи 2,642 грама, било пуштено од одделението за интензивна нега.
Министерството за здравство во Буратија истакнува дека преживеало благодарение на чудо кое ни самите не можеле да си го објаснат.
Како што истакнуваат, бебето било толку мало што вработените „се плашеле да го земат во раце“.
– Нашата омилена пациентка треба да има уште еден роденден, а тоа е денот кога ја напушти болницата – истакнал Олег Миткинов, начелник на неонтологија во Бурјатија и додал: „Дури сега можеле да кажеме дека има нормална тежина на бебе. Среќни сме бидејќи нема никакви проблеми во развојот.“
Девојчето чие име не е откриено ќе биде внимателно следено од страна на лекарите сè до нејзината трета година.