Сплитскиот музичар Игор Нешиќ (39) загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Дугопоље. Нешиќ беше член на сплитскиот бенд „Смајл“, јавија хрватските медиуми.
Нешиќ бил и инструктор по јавање коњи.
– Синоќа трагично не напушти нашиот драг колега, пејачот на бендот „Smile“, Игор Нешиќ. Драг колега, сега пеј и галопирај по бескрајните небесни патеки и почивај во мир. Сочувство до семејството“, објавија неговите колеги на Фејсбук.
По несреќата со тешки телесни повреди во болница биле превезени 32-годишниот Иван Кардум и 35-годишниот Мате Перишиќ.
Засега е утврдено дека Нешиќ возел „сузуки витара“ и бил сам во автомобилот, а од другата страна наишол БМВ пасат во кој се наоѓале Кардум и Перишиќ.
FOTO: Instagram/Printskrin