Алијансата за Албанците на централно собрание на 11 март ќе ги претстави кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Едно е сигурно, дека во шестата изборна единица Зијадин Села ќе го победи Али Ахмети, изјави денеска генералниот секретар и шеф на централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
Според него, сите места во изборните единици кои претходно и припаѓаа на Беса, сега „по дифолт“ и припаѓаат на Алијансата за Албанците, откако Беса потпиша договор за коалиција со СДСМ.