Гостиварци се информираа за коронавирусот и за митовите околу болеста

65

Кои се најефикасните мерки и како да се спречи ширењето на корона вирусот и последиците кои ги предизвикува, беа дел од темите на предавањето што денеска се одржа во Гостивар, во организација на локалната самоуправа.

На предавањето на кое учествуваа раководители на образовни и други институции и граѓани во салата на советот на општина Гостивар, д-р Фадил Цана, специјалист во Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, презентираше дел од најефикасните мерки како да се спречи ширењето на вирусот, но, и како што нагласи, да се разбијат митовите околку оваа болест.

Според него, доколку се следат препораките за заштита од „Ковид 19“, нема потреба од загриженост.

– Мерките кои ние како индивидуи треба да ги преземеме против оваа болест, пред сé, се однесуваат на подигање на свеста за мерките за лична хигиена и тие да се спроведуваат во нашите семејства. Тоа од друга страна пак ќе придонесе и за поширока заштита, рече д-р Цана.

Ваљбон Лимани, шефо на кабинетот на градоначалникот на општина Гостивар, појасни дека иницијативата за ова предавање е пред сé во потребата од повеќе информации и зајакнување на свеста за поефикасно справување со овој предизвик.

– Идејата за ова предавање дојде по сите информации и дезинформации кои беа презентирани деновиве по медиумите и социјалните мрежи. Решивме, во соработка со сите образовни институции и граѓани да ораганизраме ваков настан со информативен карактер на кој ќе добиеме повеќе сознанија за вирусот и како да делуваме доколку се појави, изјави Лимани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...