Боки „радо виѓен гост“ кај Марина Туцаковиќ, ама и во Влада, МВР и во УЈП

Сопругот на Марина Туцаковиќ му дал плико со пари на Боки на вечера во Белград.

1388

Стојан Арсовски, возач вработен во 1 ТВ, денеска сведочеше дека земал плата на трансакциска сметка во износ од 40.000 денари и дека во телевизијата работел до приведувањето на Боки, на 15 јули 2019 година.

– Да, го познавам Зоран Милески од излегување во град, а потоа и од телевизијата каде што беше чест гостин како пријател на Јовановски. Ја познавам и Ана Камчева – одговори сведокот на прашање на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски.

Тој потврди дека Милески доаѓал и дома кај Боки.

– Повеќето пати доаѓаше сам, а во една прилика беше со Ана Камчева. Јовановски беше внатре со Сергеј Варошлија. Јас немаше потреба да ги спроведам зaшто Кичеец го познаваше станот на Боки. Тоа беше некаде во мај 2018. година. Во рацете не носеа ништо – одговори сведокот Арсовски.

За ова шофер, сакам да кажам, професија си е професија, реагираше сведокот на приговорот на обвинителката Вилма Русковска, која реагираше што лекарот Тони Јосифовски кој сведочеше претходно, не беше прашан за здравствената состојба на Јовановски по операцијата, а сега одбраната тоа го прашува шоферот.

– Јас мислам дека професијата шофер е многу чесна професија – иронизираше Дуковски на што Русковска додаде дека тоа што го кажала не било навредливо.

Арсовски сведочеше дека со Јовановски бил и во Милано, а претходно имал вечера со познатата авторка Марина Туцаковиќ и со нејзиниот сопруг, кој на Боки му дал плико со значителна сума пари, кое Боки му го дал да го стави во чанта.

– Тоа беа ивенти на светски брендови, се презентира гардероба за следната сезона, тие се од затворен карактер, дел од презентациите се подаруваат на учесници на ревиите. Точно е дека Бојан добивал подароци од тие дизајнери. Не можам да не се сеќавам, зашто јас ги носев до колата.

– Дали знаете каде се наоѓа СЈО?

– Да, знам, го возев Јовановски, кој беше заедно со уредничката Гордана Дувњак – одговори сведокот.

Тој рече дека Боки го возел во Влада, во МВР и во УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...