Облачно со дожд и ветер

178

Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).

Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 5 до 17 степенi.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...