Четирите кинески провинции Јунан, Гуангдонг, Шанси и Гуиџо вчера го намалија нивото на итни мерки воведени поради новиот коронавирус, соопштија денеска локалните здравствени власти.
Јунан и Гуиџо го намалија нивото на итни мерки од прво на трето ниво, додека Гуангдонг и Шанси го намалија нивото на итни мерки на второ ниво.
Кинескиот јавен здравствен систем за одговор на итните случаи, со што се одредуваат мерките што ќе бидат спроведени. Системот се состои од четири нивоа, од кои првото ниво е најсериозно.
Кинеската провинција Гансу уште во петокот ги намали мерките, а еден ден подоцна истото го направи и провинцијата Лиаонинг.