Нафтена компанија објави лого на кое е прикажано силувањето на Грета Тунберг

2874

Нафтената компанија „X-Site“ од Канада предизвика огромен скандал откако го објави своето ново лого. Имено, на цртежот е прикажано силување на активистката Грета Тунберг, пренесува „The Week“.

Тунберг на Твитер реагираше дека со ваквиот потег компанијата покажала колку е очајна.

„Тие се повеќе и повеќе очајни… Ова само докажува дека победуваме“, објави Тунберг на Твитер.

Инаку, компанијата веќе е обвинета за производство на детска порнографија, но канадските власти засега велат дека цртежот не ги исполнува критериумите за изрекување казна.

За оваа работа се дискутираше и во канадскиот парламент, а пратеникот Александар Булерис побара од Владата да го осуди ваквиот потег.

Во меѓувреме покрената е и петиција со која се повикува раководството на нафтената компанија да си поднесе оставка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...