СДСМ поднел документи до Обвинителството за гонење на организиран криминал за кои партискиот портпарол Костадин Костадинов тврди дека претставуваат „сериозни индиции за сторено кривично дело, поточно за испумпување на пари на граѓаните од страна на Христијан Мицкоски во времето кога тој бил директор на ЕЛЕМ“
Костадинов обвини дека Христијан Мицковски испумпал „на некој начин близу 170.000 евра до неговиот соработник Панче Тошковски, којшто е и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ“.
СДСМ го повикува Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал докрај да го отвори предметот и докрај да го истражи.
Во продолжение, снимка од изјавата на Костадинов: