Варошлија: Ми одзедоа чевли и чанти, мислеа дека сѐ што е брендирано е на Боки

1499

Сведокот Сергеј Варошлија многу добро се сеќава на денот на приведувањето на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13-ка на 15 јули 2019 година.

– Многу убаво го паметам тој ден. Јас, Анета Кочишки и Лила Филиповска отидовме во домот на Јовановски, требаше да одиме на одмор. Кога стигнавме на граница, на пасошка контрола, Бојан го тргнаа на страна. Рекоа дека ние можеме да си одиме, а тој мора да остане таму. При претресот беа одземени и мои работи, некои чевли и чанти, бидејќи мислеа дека сѐ што е брендирано е на Бојан. Беа одземени работи и од шоферот – сведочеше стилистот Сергеј Варошлија кој одговараше на прашање на бранителот на Боки, Сашо Дуковски.

Варошлија тврдеше дека Боки немал намера да бега и дека оделе заедно на одмор, кој бил планиран уште пролетта.

– Секој сам си го плати својот дел од одморот – одговори Варошлија на прашање на Дуковски.

Варошлија рече дека не ја видел Катица Јанева во домот на Јовановски.

Обвинителката Вилма Русковска го праша Варошлија дали му е познато дека имаат докази и дека кај Јовановски нашле фискални сметки за брендираната облека, на што приговараше адвокатот Сашо Дуковски. Обвинителката го праша сведокот дали му е познато и дека лично таа многу добро ги познавала мајката и бабата на Јовановски, Евгенија, и дека често одела кај нив.

– Да, познато ми е – одговори Варошлија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...