Спасовски: Нема мигранти кои се движат кон нашата граница

90

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска ги посети граничарите, цариниците и епидемиолозите на граничниот премин Табановце, а оттаму искоментира дека во моментов нема мигранти кои се движат од Грција кон Македонија.

– Од вчера е зголемено нивото на безбедност на северната и на јужната граница, максимално сме посветени и подготвени да одговориме на нов бегалски бран. Засега нема мигранти кои се движат кон нашата земја – рече Спасовски.

Тој го искоментира и најновиот Извештај на Европската комисија (ЕК) и истакна дека се надева оти земјава наскоро ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ.

– Извештајот на Европската комисија е феноменален, бидејќи таму децидно е наведено оти Владата ги зајакнала напорите во реформите и дека ги презела сите потребни мерки. Тоа е добра основа за поскоро да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија. Сите целни линии на ЕУ укажуваат на тоа дека земјава направила сè што е потребно, па јас очекувам да ги отвориме преговорите – рече Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...