Хрватскиот министер за животна средина, Томислав Ќориќ сака да ја покани активистката за животна средина, Грета Тунберг, на следниот министерски состанок на Европската унија.
Тунберг утре ќе го посети Брисел каде ќе одржи дебата со европратениците од комисијата за животна средина на Европскиот парламент, истиот ден кога Европската комисија ќе го презентира својот предлог закон за климата, чија цел е да придонесе за постигнување на целите на ЕУ во однос на климатските промени.
Хрватското претседателство ќе побара од амбасадорите на земјите членки на ЕУ формално да ја поканат Тунберг на министерскиот состанок на петти март за да ги слушнат нејзините ставови за реализација на плановите на ЕУ за постигнување климатската неутралност до 2050 година.
ФОТО: EPA / PETER FOLEY