Одбраната на Боки ги повлече сведоците Тодоровиќ, Панделески и Ременски

1269

Одбраната на Бојан Јовановски, првообвинет во „Рекет“ ги повлекла сведоците Владимир Тодоровиќ, Јовче Ременски, сопруг на екс пратеничката Фросина Ременски, како и Дејан Панделески кој требаше да сведочи денеска, па како сведоци во судницата се Сергеј Варошлија, Марија Јанковска и Александар Кртов.

Во моментов сведочи Јанковска, сопственичка на оптика во „Сити мол“.

– Го познавам Бојан уште кога ја организираше првата 13-ка, манифестација која е од пред 15 години. Многу долго го познавам и тоа познанство ми помогнало многу зошто луѓето го следеа него и тоа што тој го носеше од нашата оптика – рече сведокот Јанковска.

Со Бојан сум била во Грција, Италија, Франција.. Модните брендови знаат на инфлуенсерите да им подарат нешто од следната сезона, тоа се случува, одговори таа на прашање на адвокатот Сашо Дуковски дали Боки добивал било што на средбите во странство.

– Бојан не е многу галантна личност, патувањата сама си ги плаќав, освен кога сме оделе со автомобил – одговори Јанковска која рече дека со Боки била на одмор пет дена во ресорт „Данаил“ во Грција и сѐ сама си платила.

По неа се испрашува сведокот Александар Кртов, сопственик на галерија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...