На булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го привеле 31-годишниот Е.Ш. од скопското село Шишево, кој се барал по потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела по член 123 и член 396 од Кривичниот законик.
Како што е наведено во полицискиот билтен, Е.К. бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување тој извадил пиштол и го вперил во полициските службеници, по што тие испукале два предупредувачки истрели во воздух и набргу потоа тој бил фатен и приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.