Градските власти на Сиднеј најавија амбициозен план. Австралискиот град со најмногу жители најави дека во следните 20 години ќе се подели на три дела, односно три градови.
Овој радикален план е наречен „Метропола на три градови“ и е објавен од страна на владината агенција задолжена за користење на земјиштето.
Со поделба на три градови Сиднеј ќе се обиде да ги реши проблемите, како што се големиот прилив на население, исклучително високата цена на домување и сѐ поголемиот застојот на сообраќајот. Градските власти очекуваат подобар пристап на жителите до своите домови, бизниси и услуги, пренесува Klix.
– Ние сакаме жителите на Сиднеј да имаат квалитетен живот – рече портпаролот на комисијата, во изјава за Си-Ен-Ен.
Градот, според планираното, ќе биде поделен на Источен пристаништен, Централен речен и Западен парковски град. Меѓутоа, се поставува прашањето како може милионски град да се подели на три дела?
Приказна за три градови
Населението во Сиднеј за 40 години може да се дуплира, па во 2056 тука би можеле да живеат осум милиони жители. Повеќе од половина од населението живее во популарниот дистрикт Источно пристаниште, каде што се наоѓаат и атракциите како плажата Бонди и Операта, но и аеродромот и централната бизнис-област. Поради сето тоа градот се соочува со големиот проблем на пренаселеноста.
Со креирање на три, наместо на еден град властите се надеваат дека ќе можат да ги убедат жителите да се преселат на различни локации. Стратегијата „Град за 30 минути“ треба да овозможи граѓаните да живеат на половина час возење со јавен превоз до најблискиот центар. За таа цел неопходно е да се воведат различни видови на транспорт, вклучувајќи и нови сообраќајници и железнички линии.
Покрај тоа, секој од трите града ќе биде поврзан со останатите со нови линии и заедно ќе направат една поврзана целина.
Ова сигурно нема да може да се направи преку ноќ, но за да почне да се остварува мнозинството од населението треба да ја прифати идејата.
Владата сѐ уште нема објавено колку пари е подготвена да инвестира во новите транспортни линии, ниту од каде би пристигнале парите.
слика
Сиднеј денеска
Источниот градски дистрикт е омилен на жителите и туристите, не само поради знаменитостите туку и поради пријатната клима. Имено, тука дувка ветре од морето и животот во текот на летните вруќини го прави попријатни. Сепак, со популарноста на дистриктот се зголемија и цените на домување, па така куќа во Сиднеј во просек чини околу 914.000 долари, додека националниот просек од 630,000 долари.
Централниот речен дел од градот, на околу 30 километри од централната бизнис-област, се наоѓа во приградскиот град Парамат и има 25.800 жители. Во предлогот за поделба на градот се наведува дека низ Парамат би се изградил економски коридор фокусиран на здравството, образованието и институции што се бават со истражување, како и финансии, деловни услуги и администрација. Новата железничка пруга ќе ги зголеми тие изгледи.
Меѓутоа, тоа што е најважно и најинтересно е планот за трансформација на Западен Сиднеј во аеротрополис – субрегион, каде што инфраструктурата и економијата е фокусирана на аеродромот.
Овој дел од градот сега има негативен имиџ и е традиционално поврзан со непривилегираното население и криминалот, но кога во 2026 тука ќе се отвори новиот аеродром, се очекува да се отворат 28.000 работни места, а со поделбата на градот на три би се создале дури 817.000, се наведува во извештајот.
Иако планот е мошне амбициозен, голем број од жителите на Сиднеј го пречекаа со воодушевување. Сепак, ќе остане еден голем залак на промена на перцепцијата за тоа што навистина значи Сиднеј, што значи животот во градот и колку време дневно ќе им биде потребно на патниците во јавниот превоз за да стигнат од една до друга точка. Само тогаш може да се очекува прифаќање на идејата на владата.
Подготви: А.Ј.
ФОТО: викимедиа комон