Тиркиз: Нов спот на музичката група „Баклава“ ВИДЕО

Стиховите се претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски...

175

По успешната концертна промоција на новиот албум, што се одржа во петокот во МКЦ, групата „Баклава“ го презентира новото музичко видео за песната „Тиркиз“.

Видеото е изработено од продукцијата на „091“, и режијата е на Јана Мишо. Шминката ја направи Ирена Сенокозлиоска. Музиката е на Елена Христова, а текстот – Сибо.

Музичари: Елена Баклава – вокали, Дејан Теодосиевски – виолон-чело, Драган Стојковски – бас гитара, Игор Стевковски – тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – кларинет, Трајче Ристов – тарабука.

Тиркизната боја го доби своето видео. Инспирана од играта на зборови на името на драгиот камен што воедно е и симбол на турската естетика, се доловуваат убавините од Истанбул до прекрасното крајбрежје на југот.

Стиховите се претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски…

Описно овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13-те бои од албумот.

Следуваат настапи за промоција на новиот звук на „Баклава“. Најпрво промоцијата на крајот на март на винилното и ЦД издание кое е издадено од Берин, но е исто така под покровителство на Арс Ламина и во нејзините продавници ќе може да се набави грамофонска плоча и компакт-диск.

„Баклава“, меѓу другото, ќе учествува на овогодинешниот Оффест, во јуни.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...