Инфлуенсерка го истепала своето дете, па се пофалила, сега е под истрага ВИДЕО

Мишел Грејс споделила видео со своите илјадници претплатници на Јутјуб, а во позадина се слушало како нејзиното дете плаче. 

325

Блогерката Мишел Грејс (23), која на интернет објавува туторијали за шминка, предизвика бурни реакции со видеото во кое раскажала дека ја истепала својата двегодишна ќерка.

– Мојата двегодишна ќерка штотуку доби ќотек. Ми ја фаќаше шминката, иако знае дека тоа не смее да го прави – рекла Мишел во снимката на која се слуша како дете плаче во позадина.

– Без оглед на тоа колку пати и да ѝ кажам да не ја фаќа мојата шминка, таа никогаш не слуша, по ѓаволите. Ја кријам за да не може да ја најде, а што прави таа? Ја наоѓа. Ми уништи две палети. Раката ме боли од што ја тепав. Не буквално, но ја научив на лекција. Знам дека многу родители нема да се согласат со мене, но морав да го направам тоа. Обично тоа воопшто не боли и плаче 5 секунди – раскажала Грејс во спорното видео кое подоцна го избришала, но некои корисници на интернетот биле побрзи од неа и го снимиле како доказ и повторно го објавиле на Јутјуб.

Таа подоцна се обидела да се одбрани на Твитер, но нештата ги направила уште полоши!

– Таа знае што направила, таа е најпаметното дете кое некогаш сум го видела. Знае што смее, а што не смее. Да, ја удирам по главата или задникот кога апсолутно не слуша. И знам дека веројатно многу родители нема да се согласат со мене, но навистина морам така – рекла блогерката.

 – Ги повредив нејзините чувства. Тоа беше грозно и бесчувствително, но ќе извлечамлекција од ова и во иднина ќе бидам подобра мајка – заклучила Грејс која дополнително го избришала профилот на таа социјална мрежа.

Блогерката објаснила дека ќерка ѝ си играла со палета шминки и дека ги уништила, а дека таа палета шминки чини околу 50 долари.

По критиките објавила изјава за јавноста на Твитер:

– Никогаш не требаше да го направам тоа. Реагирав емотивно и погрешно проценив. Станува збор за погрешен избор на зборови, признавам. Никогаш не смеев да допуштам материјалните работи да бидат поважни од неа бидејќи, верувајте ми, навистина не се. Ја сакам повеќе од сè. Јас сум млада мајка и далеку од совршена, но сум добра мајка. Сè уште учам за родителството и не секогаш е едноставно, мислам дека никогаш нема да биде – порачала Мишел и додала дека ја удирала ќерката по задникот, но не силно.

Коментарите на социјалните мрежи се вжештиле, а некои од нејзините следбеници се закануваат и со пријавување на социјалната служба поради физичко злоставување на детето. Мишел набрзо ги избришала сите налози на Инстаграм, Твитер и Јутјуб, а наводно е покрената истрага за овој случај.

 

I

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...