Во САД од коронавирусот починале уште четири лица

203
FOTO MIA

Уште четири лица од околината на Сиетл починале откако биле инфицирани со Ковид-19, со што вкупниот број на починати во САД се искачи до шест.

Во Вашингтон засега дијагностицирани се 18 случаи на коронавирус.

Петмина од досега починатите се од оваа сојузна држава. Двајца живееле во дом за стари лица во близина на Сиетл, за кој се сомничи дека станува жариште на смртоносниот вирус.

Друго жариште во Вашингтон е болница во округот Киркленд, каде десетмина пациенти покажуваат симптоми на Ковид-19. Тројца од починатите се жени, две со над 80 годишна возраст, една со возраст од над 70 години, јави „Ен-пи-ар“.

На место работи тим од Центарот за контрола на заболувањата и превенција (ЦДЦ) и сите регистрирани случаи се во карантин. Од ЦДЦ укажуваат дека засега не советуваат затворање на школите или откажување на собири.

Во моментов во САД има 91 случај на заболени од коронавирус, од кои 48 се поединци евакуирани од Кина и од крузерот во Јапонија.

Во текот на викендот, официјални лица потврдија дека првите случаи на инфекција од Ковид-19 се појавиле во сојузите држави Флорида, Њујорк и Роуд Ајленд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...