Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон пред натпреварот на 35. круг на шампионатот на Англија против Арсенал, му даде подарок на гостинскиот менаџер Арсен Венгер.
Со овој чин, Јунајтед му оддаде признание на 68-годишниот Французин, кој по 22 години на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал.
Пред почетокот на средбата и тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо срдечно го поздрави Венгер.
Навивачите на трибините на „Олд Трафорд“ со долготраен аплауз исто така го поздравија предводникот на ривалот.