Димитров: Ќе сториме се Извештајот на ЕК да го преточиме во политичка одлука

Министерот нагласи дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира патот на мирот и дијалогот.

375

Успеавем да добиеме досега најуспешен извештај од Европската комисија и ќе сториме се што можеме во јуни да го преточиме во политичка одлука, порача вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на свеченото одбележување на Денот на Министерството за надворешни работи.

Министерот нагласи дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира патот на мирот и дијалогот.

Предизвиците остануваат, рече Димитров, и потсети дека на 27 април беше одбележана една година од нападите во Собранието кога, како што рече, демократијата на земјата била ставена до бездна.

Потсети дека на 29 април 1969 година било формирано Биро за односи со странство кое со текот на годините стана денешното Министерство за надворешни работи.

Денот на МНР беше одбелжан во присуство на претставници на дипломатскиот кор, врботени во Министерството и претставници на медиумите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...