Можам да кажам дека илјадници граѓани на Македонија можат да се пожалат дека не добиле ништо од државата Македонија, но сигурно Жан Митрев не е еден од тие, напротив, сметам дека тој е еден од Македонците кои има добиено најмногу од државата Македонија и треба само да ѝ благодари, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на прашање на Поглед.мк по повод одбележувањето 20 години од почетокот на кардиохирургијата на д-р Жан Митрев.
– Кога дојдовме во 98 година Македонија воопшто немаше кардиохирургија и сите пациенти се испраќаа во странство, тие со политички врски во Германија и Америка, а обичниот народ најмногу во соседна Србија. Така што сакавме да го исполниме сонот да имаме кардиохирургија за да можат и македонските доктори да се специјализираат, но и да не се даваат пари кон странство. За таа цел ние како Влада си поставивме задача дека тој сон треба да го реализираме и добро се сеќавам дека тогаш таа задача ја дадовме на господинот Никола Кљусев, кој и покрај тоа што беше министер за одбрана кажа дека добро се знае со Жан Митрев, кој тогаш беше кардиохирург во некоја болница во Германија. Така започнаа разговорите за македонската кардиохирургија.
Тој вели дека Република Македонија му отстапила цел спрат на Митрев во Воената болница, му го реновирала и му го опремила.
– Жан Митрев освен својата способност и несомнено своите вештини на одличен кардиохирург, немаше ништо друго во почетокот на македонската кардиохирургија. Само за потсетување Република Македонија му отстапи цел спрат во Воената болница, му го реновираше и му го опреми и не ме држете за збор, но мислам дека вложи во медицинска техника и апарати над 15 милиони марки што значи дека денешни 15 милиони евра. Дополнително на тоа и странска помош што доаѓаше, ја отстапувавме во неговата болница, добро се сеќавам на многу скапи апарати кои грчката влада ни ги подари во тоа време, а ние му ги преотстапивме на Жан Митрев. И да не зборувам конечно за монополот од чисто бизнис аспект кој државата од тогаш па до отворањето на кардиохирургијата во „Систина“, му беше забетониран не само од нашата влада, туку и од сите влади кои доаѓаа после нас. Нашата влада трпеше огромни критики зошто вакво јавно партнерство се воспоставува само со Жан Митрев кога истото тоа може да го добие секој добар хирург независно дали е за бубрези, абдомен или за некоја друга специјалност. Исто така се сеќавам кога една година од отворањето на првата кардиохирургија Жан Митрев, директорот на македонската кардиологија господинот Кедев направи обид да го донесе професорот Кирков и да се направи чисто државна кардиохирургија, какво беше плачењето и лобирањето на господинот Жан Митрев никако да не се дозволи отворањето на нова кардиохирургија. Без сомнение улогата на Жан Митрев во отворањето на македонската кардиохирургија е неспорна меѓутоа не е убаво да се плука дека Македонија ништо не му дала и не му помогнала – вели Георгиевски за Поглед.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...