Откажани туристички патувања за претстојниот осмомартовски празник, одложени училишни екскурзии, зголемена потрошувачка на одредени производи, откажани викенд-аранжамни во дел од турстичките места во земјава, пишува Порталб.мк. Појавата на првиот случај на заболен од корана вирус во Македонија ги доенсе првите симптоми на “грип“ на економијата.
Прв на удар – туристичкиот и транспортниот сектор …
Ден по потврдување на првиот случај на заболен од корона вирус во земјва – заѕвонеа и првите телефонски јавувања во туристичките агенции за откажување на аранжамни – особено во Италија. Првите откажани туристички тури се однесуваа на осмоматровскто празнично патување. Ова беше сигнал за мобилизрање и на туристичките агенции. Во рамки на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се формираше Координативно тело задолжено да ја следи состојбата. Од Министерството за економија потврдуваат дека туристичките агенции побарале насоки за тоа како да постапуваат, особено во однос на трошоците кои ќе настанат поради откажување на аранжманите.
– Се договоривме да се разгледаат откажувањата зашто нормално ќе ги има, посебно од регионите кои се веќе во карантин, како оние во Италија и во Кина. Ќе видиме како ќе постапиме. Ако има потреба од друга мерка, треба Владата и Министерството да заземат став – изјави Шофкет Хазари од Министерството за економија.
Нашите граѓани откажуваат патувања во странство – но и странски туристи откажуваат аранжамни во земјава. Дел од хотелиерите во Охрид што ги консултираше „Порталб“ велат дека ги добиле и првите повици за откажување на аранжамни веднаш штом ја добиле веста за појавата на првиот случај на корона во Македонија.
– Туристи од Бугарија се интересираа за состојбата, а турсити од Грција го откажаа доаѓањето. Можам да кажам дека и кај домашните туристи се чувствува воздржаност, претпостапувам не сакаат да патуваат за да не се изложат на некој ризик. Се надеваме дека состојбата ќе се норамлизира – коментира за „Порталб“ еден од менџерите на хотел лоциран на охридската ривиера.
Бизнисот будно ја следи состојбата со коронавирусот. Директорот на Делегацијата на германското стопанство во државава Патрик Мартенс очекува дека ширењето на заразата ќе има негативно влијание, но очекува дека тоа ќе биде со „краток здив“.
– Да, ќе има делумно влијание на стопанството во Македонија. Но, сметам дека македонското стопанството во брз и краток рок ќе успее да се опорави од тоа. Поголемиот проблем со кој се соочуваме моментно во земјата е недостигот на стручен работен кадар кој ние, како Делегација на германското стопанство се обидуваме преку нашиот проект за дуално стручно образование што го имплементираме во земјата да го помогнеме – изјави Мартенс.
Во меѓувреме, паниката го напрви своето меѓу граѓаните. Изминатите денови масовно се купуваа средства за хигиена и за дезинфекција, а некои дури и купуваа храна.
– Да, точно е дека дезинфенционите средства се продадоа преку ноќ. Зголемена е и побарувачката за витамини, а алкохолот како дезинфекционо средство уште минатата недела го снемавме од продажба – коменира скопјанката Јана, вработена во една приватна аптека.
Владата апелираше трговците да не ја злоупотребуваат акутната паника кај граѓаните со тоа што ќе ги зголемат цените на одредени производи.
Берзите „потопени“, цената на златотo со пик …
Почетокот на оваа 2020 та донесе опитимизам за голобалната економија – стабилизацијата на трговските односи меѓу САД и Кина прати позитивен сигнал. Но, со краток „здив“. Појавата на корона вирусот веќе пенетрира со последици во светската економија. Цената на златото, кое по правило е „прибежиште“ за инвеститорите расте и го достигна пикот. Корона вирусот и влијанието врз економијата се најдоа и во извештаите и прогнозите на домшните финасиски институции.
– На почетокот на јануари, по подобрувањето на трговските односи помеѓу САД и Кина со потпишувањето на „првата фаза“ од трговскиот договор, пазарните учесници имаа позитивни очекувања за движењата на економиите, а со тоа и на меѓународните финансиските пазари. Во втората половина од месецот дојде до пресврт во очекувањата заради засилените надолни ризици за глобалниот економски раст со ширењето на вирусот корона од Кина. Со цел да ја заштитат вредноста на инвестициите, инвеститорите реагираа преку зголемени вложувања во побезбедни финансиски инструменти, што доведе до раст на цените на државните хартии од вредност, односно пад на приносите, апрецијација на САД-доларот и зголемување на цената на златото – се наведува во една од најновите проценки на Народната банка.
Дел од земјите во регионот поради превенција презедоа мерки кои ќе имаат директен импакт во одредени сегменти во економијата. Така на пример трите поштенски оператори во Босна и Херцеговина, поради појавата на коронавирусот, целосно ги суспендираа сите редовни поштенски пратки за Кина, освен експресните испораки преку ДХЛ-сервисот.
– Доколку се случат некои благи рецесиски случувања многу веројатно ќе дојде и до пад на вкупниот економски раст на Босна и Херцеговина, ќе се намалат извозните активности. Намалувањето на економските активности ќе предизвика штета на економијата на микрониво, ќе ја сруши довербата и ќе го намали бројот на економски трансакции. Можеби во првите неколку дена ќе дојде до пораст на потрошувачката, раст на индиректните даноци и слично, ама во среден рок тоа не носи бенефити затоа што ги нарушува економските односи – оцени економскиот аналитичар Адмир Чавалиќ за босанскиот портал „Бука“.
Засега, лидерствата на меѓународните финансиски институции не предвидуваат големи штети од појавата на новата зараза од Корона вирусот, но сепак Меѓународниот монетраен фонд направи минимална корекција на прогнозите во надолна линија. Имено, ММФ во својата прогноза за раст на глобалната економија во оваа година ја намали за 0,1 процентен поен, на 3,3% – како предупредувачки сигнал за ризик од коронавирусот.
Сепак дел од банкарите кои менаџираат моќни банкарски групации посочуваат на внимателно следење на состојбата.
Конкретно, претседателот на УБС банката Аксел Вебер смета дека глобалниот раст може да се успори од 3,5 на 0,5%, а кинеската економија дури и да падне во првото тромесечје.
– Многу поголем негативен ризик претставува тоа што вирусот може подолго да остане проблем – изјави екс-претседателот на Бундесбанката за Блоомберг.
Додека светот ги брои случаите на починати и заразени – капиталот бара начин како да се заштити од обезвредување.
– Најновото инвестирање во злато е поттикнато од загриженоста поради корона вирусот – вели експертот на „Комерцбанк“, Карстен Фриш.
Чуствителноста и несигурноста што ја донесе состојбата со појавата на коронавирусот ја „вивна“ цената на златот, достигнувајќи пик – унца злато се продаваше за повеќе од 1 500 евра. Вложувањата во злато се вообичаен тренд кога финансиските и трговски пазари се под влијание на можен ризик кој носи несигурност.
Цената на златото во пораст, на нафтата во пад. Намалената потрошувачка на нафта во Кина веќе ги погоди големите нафтени компании. Еден барел американска лесна нафта се продаваше за 48,88 долари – најниска цена од јануари 2019 година.