Скопјанец проголтал eкстази при полициска контрола

171
Close - up of many different pills and capsules

Дваесет и шест годишен скопјанец е пренесен во гостиварската болница откако проголтал екстази што полицијата ги пронашла кај него и уште две лица, а за што ги лишила од слобода вчера попладне на патот Гостивар-Кичево.

Според полицискиот билтен, вчера во 17:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Здуњската крстосница, полициски службеници ги лишиле од слобода 26-годишниот М.Д. од Скопје, 23-годишниот А.С. од Пехчево и 17-годишно женско лице од Скопје затоа што при нивен преглед на патничкото возило „хјундаи“ со скопски таблички, биле пронајдени таблети екстази.

„Двете женски лица биле задржани во полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека М.Д., кој во меѓувреме ги проголтал таблетите, бил пренесен во гостиварската болница ‘Ферид Мурад‘ за укажување лекарска помош“, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...