НДП се откажа од изборите на 12 април

2837
Фото: НДП
Фото: НДП

Албанската партија Национална демократска преродба (НДП) на редовната седница на Централното Собрание донела одлука да не учествува на предвремените парламентарни избори на 12 април.

За ваквата одлука од партијата се повикуваат на неколку причини, а како прва го наведуваат неуспехот на албанските опозициски партии за формирање на еден здрав, национален опозициски блок БЕСА, ДПА, ДР-ДПА, НДП.

Ви го пренесуваме соопштението:

„Повикувајќи се на последнoто неприфаќање на идејата за соединување на опозициските сили, ДПА, БЕСА, НДП, со тоа што дека сега партијата БЕСА заврши со македонска-албанска коалиција, СДСМ и партијата БЕСА;

Почитувајќи ги последователните барања, веќе три децении на албанскиот народ, за унифицирање и непарциализирање  на албанскиoт глас во линија на правата на албанскиот народ;

Имајќи го во предвид фактот дека правната држава не постои, и дека државните институции не презеле ниту најмалиот чекор за да ја откријат вистината за многуте феномени што ја карактеризираа плуралистичката Македонија, а каузата на НДП е ексклузивна битка за владеење на правото какo и откривање на вистината за многуте општествени политички феномени.

Повикувајќи се на фактот дека сите избори, особено овие на 12-ти април, се нееднакви, поради формалните и неформалите пари, каде што нема простор за фер и демократски избори;

Повикувајќи се на нашата мисла, дека изборите на 12 април ќе бидат нај нечесните избори одржани некогаш;

Национална Демократска Преродба, на редовната седница на Централното Собрани, одржано денес 01.03.2020 година во просториите на НДП, едногласно донесе одлука да не учествува на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Каузата на Национална Демократска Преродба, за создавање на една здрава национална опозиција, каки и владеењето на правото, откривање на вистината, меритокрацијата, и борбата против антидемократските, анти-националните и деструктивните сили, ќе продолжат да живеат на сите можни начини, и ние секогаш ќе бидеме тука за да продолжиме да даваме придонес за нацијата и верата“, наведено е во соопштението од НДП.

Фото: НДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...