МВР: На јужната граница состојбата е непроменета, полицијата е подготвена

227

Состојбата на нашата јужна граница е непроменета. Полицијата е постојано присутна и подготвена, а граѓаните немаат причина за загриженост, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Состојбата на јужната граница е непроменета. Имаме стандардна бројка на обиди за нелегален влез во нашата држава. Граѓаните немаат причина за загриженост. МВР, односно нашата полиција е подготвена и постојано присутна на јужната граница. На нашите полициски службеници веќе неколку години им помагаат и полициски службеници од неколку пријателски држави и со заеднички сили се справуваме со сите нелегални обиди за влез – вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, во изјава за медиумите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...