Турција, сепак, го ослободи уредникот на „Спутник“

310

Уредникот на редакцијата на руски „Спутник“ на турски јазик Махир Бозтепе пуштен е на слобода, откако кусо време бил задржан во полициски притвор, соопшти неговиот работодавач.

Пуштањето на слобода следувало по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Турција, тврдат руски медиуми.

Според турската државна агенција Анадолија, Буџтепе бил приведен во рамки на истрагата поради „навреда на турската нација и турската држава“ и „подривање на единството на земјата и интегритетот на државата“.

Припадниците на турската полиција, денеска околу 13.20 часот влегле во просториите на Спутник во Истанбул и барале средба со претставниците на агенцијата. Во тој момент, таму биле само дежурните новинари. Полицијата рекла дека нема да го напушти објектот се додека не се сретнат со претставниците. Тие, наводно, рекле дека ги бараат поради вчера објавен напис, во кој Спутник ја нарекол покраината Хатај „украдена“, која била интегрирана во Турција во 1939 година, кога била препуштена од Франција, која тогашната Лига на народи ја овластила да управува со Сирија за да осигура неутралност на Анкара за време на Втората светска војна.

Претходно денеска во Анкара без приведени тројца новинари на „Спутник“, кои подоцна беа ослободени. пренесува „Вашингтон пост“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...