Османи: Подготвени сме за евентуален бегалски бран

65

Земјава е подготвена за справување со евентуален наплив на бегалци од Сирија, но во координација со ФРОНТЕКС и земјите-членки на Европската Унија, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

– Ние сме во постојана координација со земјите-членки на Европската Унија и со нашите партнери ја следиме состојбата уште од моментот кога почна да се разгорува ова прашање. Нашите институции се подготвени за справување со евентуален хипотетички бегалски бран, но тоа справување е повеќе во координација со ФРОНТЕКС и со земјите-членки на ЕУ со кои споделуваме заедничка политика во однос на бегалците – рече Осамни во одговор на прашање на денешната партиска прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...