Од Будимпешта или од Бит пазар е паричникот што Заев одби да го прими од Мицкоски?

3868

Од Будимпешта или од Бит пазар е паричникот „Луј Витон“ кој на вчерашниот ТВ дуел лидетот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му го подари на лидерот на СДСМ Зоран Заев, а тој го одби?

„Фокус“ објави дека паричникот од луксузниот моден бренд ,,Луј Витон” доколку е оригинал, не е купен од Македонија, бидејќи во нашата земја официјално, продавници на Витон нема. Истиот модел, како што е наведено на официјалната страница на „Луј Витон” може да се купи во Будимпешта, Унгарија, каде што го има на лагер во моментот. Цената му е 440 долари.

Веднаш по објавата „Економски  Лидер“ се огласи дека дознава оти паричникот чини  200 денари и е купен од Бит пазар. Ова порталот го дознава повикувајќи се на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...