Гутереш го поздрави договорот меѓу САД и Талибанците

50
ФОТО: EPA / HARISH TYAGI

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска истакна дека договорот меѓу САД и Талибанците е значаен чекор кон постигнување трајно политичко решение во Авганистан, потенцирајќи дека е клучно да се намали насилството во земјата.

– Генералниот секретар ги поздравува напорите за постигнување долгорочно политичко решение во Авганистан. Денешните случувања во Доха и Кабул се показатели дека во тој поглед е постигнат значителен напредок, се вели во соопштението од портпаролот на ООН Стефан Диџарик.

Тој потенцира дека Гутереш ги поддржува континуираните напори на сите страни во Авганистан да се создадат услови за преговори на сите политички актери и така да се отвори патот кон постигнување прифатливо мировно решение.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...