Шерон Стоун нѐ насмеа и воодушеви со изјавите: Мажите се како миксер!

Во Калифорнија живеат 400.000 неприродни русокоси со истите носови, џиновски усни, импланти во организмот и со снежно бели заби. И на кого ова му е привлечно?.

3293

Актерката Шерон Стоун (61) постојано воодушевува со своите изјави.

За жените и убавината

– Вистински убавата жена секогаш е љубезна кон другите жени и луѓето општо. Не прифаќа ривалство, интриги и злоба.

– Пластичната хирургија не е мој избор, но не ги обвинувам жените кои се одлучуваат за тоа. Ако тоа ве прави среќни – зошто да не?.

– Во Калифорнија живеат 400.000 неприродни русокоси со истите носови, џиновски усни, импланти во организмот и со снежно бели заби. И на кого ова му е привлечно?.

– Ни најскапата козметика и најскапата фризура не можат да ја направат жената убава. Најсветли, најинтересни жени се оние зад чии животи стојат подеми и падови.

– Ава Гарднер била најубавата жена на светот. Зошто? Никогаш немала естетски корекции. Изгледала како жена и никогаш не се обидувала да изгледа како девојче.

– Никогаш не сум го поставувала прашањето дали сум убава или не. Но, знам еден магичен трик: способноста за создавање илузија на привлечност. Кога жена ќе влезе во просторија, присутните не реагираат на нејзината убавина туку на енергијата и силата која доаѓа од неа.

– Жените не треба да преземаат одговорност за сè на светот.

– Ако сте паметни, ќе бидете убави. Не постојат грди жени. Некој е убав како роза, а некој како кактус.

– Живеам со истите дојки целиот живот!

За мажите и љубовните врски

– Подобро е да бидете сосема сами отколку да се чувствувате осамено покрај погрешната личност!

– Жените можеби глумат оргазам, но мажите глумат врски.

– Во кревет најмногу обожувам да читам сценарио.

– Мажите се како миксер. Секогаш ви е потребен еден, но никогаш не ви е јасно зошто!

– Девојките често се претвораат во оние мажи за кои некогаш сонувале да се венчаат.

– Никогаш не легнувајте во кревет со некој кој има повеќе проблеми од вас.

За луѓето и животот

– Луѓето се плашат од промени – мислат дека нешто ќе изгубат. Забораваат дека можат да стекнат многу нови работи.

– Порано моравте да бидете познати за да направите некој скандал, а денес мора да направите скандал за да бидете познати.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...