Италија: Уште осуммина починати денеска од Ковид-19

419

Уште осум лица починаа денеска од Ковид-19 во Италија, со што вкупниот број на жртви достигна 29, додека повеќе од илјада се заразени, соопштија италијанските власти.

Само во последните 24 часа, бројот на лица позитивни на вирусот е зголемен за 240 случаи. Ова значи дека досега се потврдени 1.128 случаи на вирусот Ковид-19, според директорот на Агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели.

Според него, 52 проценти од заразените се во изолација во своите домови и не се хоспитализирани. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...