Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон ќе се ожени со својата девојка Кери Сајмондс, која денеска откри дека е бремена. Тоа е нивното прво заедничко дете.
Кери Сајмондс стана првата невенчана партнерка на еден британски премиер што се пресели во домот на премиерот во улицата Даунинг бр. 10.
Како што британскиот „Телеграф“ наведува, Џонсон ќе биде првиот премиер во 250 години што ќе се ожени додека е на таа функција.
Сајмондс честопати е тема во британските медиуми, а таа ја почна врската со Џонсон, додека тој сè уште беше во брак со Марина Вилер. Дури во септември 2018 година беше соопштено дека се разведуваат.
ФОТО: EPA / ANDY RAIN