Централниот одбор на НСДП го утври денеска Тито Петковски за за предлог кандидат за претседател на партијата на престојниот Конгрес.
Централниот одбор на НСДП, како дел од конгресните документи, на денешната седница го утврди Извештајот за работата на НСДП помеѓу Третиот и Четвртиот Конгрес и ја усвои Предлог-Програмската платформа за делување на партијата во наредните четири години.
Во однос на изборот на новите раководни органи на партијата, а врз основа на предлозите на општинските организации, на седницата се утврди бројот на членови на Централниот одбор да изнесува 90, а на Надзорниот одбор 9, како и нивниот состав кој ќе биде предложен пред делегатите на Конгресот.
Четвртиот Конгрес на партијата кој ќе се одржи на 13 мај во Скопје. На него ќе учествуваат 500 делегати.