САД и Талибанците потпишаа историски мировен договор

206

САД и Талибанците го потпишаа долгоочекуваниот мировен договор, со кој се стави крај на 18-годишната војна во Авганистан, најдолгата американска војска во нејзината историја.

Договорот беше потпишан во Доха, Катар, од страна на американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан Залмај Калилзад, главeн американски преговарач во разговорите со Талибанците – и Мула Абдул Гани Барадар – главниот преговарач на Талибанците.

Со Договорот, на чие потпишување присуствуваше и државниот секретар на САД Мајк Помпео, се предвидува  САД и НАТО да ги повлечат војниците од Авганистан во рок од 14 месеци доколку Талибанците ги исполнат преземените обврски.

Во првата фаза, САД ќе го намалат бројот на војници од околу 13.000 на 8.600 за период од 135 дена.

Во рок од 10 до 15 дена од потпишувањето на Договорот, Талибанците и претставниците на сите делови на авганистанското општество, вклучувајќи ја и Владата, ќе одржат средба и ќе се обидат да договорат уредување на повоен Авганистан, вклучително и за прашањето за траен прекин на огнот и правата на жените и малцинствата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...