Пронајден мртов маж во возило за транспорт

654
Фото: МВР

Во близина на „Врапчишка петља“- Гостивар вчера во специјално возило за транспорт на дефектни возила марка „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки бил пронајден починат Г.Т.(50) од Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...