Прв случај на Ковид-19 во Катар

79

Катар го потврди првиот случај на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство, посочувајќи дека станува збор за 36-годишен државјанин на земјата кој неодамна се вратил од Иран.

Откако Катар го пријави првиот случај на Ковид-19, Саудиска Арабија остана единствената земја од Заливот во која нема заразени лица. Во тој регион, најтешко е погоден Иран, каде починаа 43 лица, а речиси 600 се заразени.

Обединетите Арапски Емирати денеска им препорачаа на банките да ги репрограмираат кредитите и да ги намалат таксите и провизиите за да ги ублажат економските ефекти од епидемијата на новиот коронавирус. Кувајт ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...