Негативни се резултатите на корона вирус на пациентката која утрово се јави на Инфективната клиника со знаци на респираторна инфекција по враќањето од Северна Италиј, соопшти Министерството за здравство.
– Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава. Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба – велат од Министерството и додаваат дека нема простор за паника и апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство.