Најмалку 19 лица загинале, а 55 се повредени кога воз удрил во автобус во покраината Синд, во јужен Пакистан. Според официјални претставници на власта, несреќата се случилана необележен железнички премин.
Официјален претставник на железницата соопшти дека несреќата се случила во близина на округот Рохри, околу 470 километри северно од Карачи на необележан премин.
Сите загинати се патници од возот. Полесно е повреден помошник машиновозачот. Некои од повредените се во критична состојба.
Во тек е истрага за причините за несреќата.