Палота: Не ги судете нашите навивачи поради два идиота

Ливерпул и Рома играат во полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши со резултат од 5:2 во корист на англискиот тим.

153

Претседателот на Рома, Џејмс Палота употреби многу остри зборови против навивачите на римскиот клуб, кој го нападна фанот на Ливерпул Шон Кокс.

Во моментов, 53-годишниот Ирец е на интензивна нега во критична состојба.

Ливерпул и Рома играат во полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши со резултат од 5:2 во корист на англискиот тим.

– Натпреварите меѓу Рома и Ливерпул се многу важна, но тоа не е борба на живот и смрт. Кокс се бори за живот, а целиот наш клуб се моли за него. Нашите навивачи се прекрасни луѓе, тие се најдобри во светот. Депресивно е тие да бидат судени само поради постапката на двајца идиоти – изјави Палоти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...