Долгот на државата само во мандатот на Зоран Заев е зголемен за огромни 830
милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во дебатната емисија на Канал 5.
– Додека трае дуелот сега, Заев ја задолжил државата за нови 65.000 евра. Долгот на државата во мандатот на Зоран Зев е зголемен за точно 830 милиони евра или 757.000 секој ден, или 31.000 секој час додека седиме ние и додека дебатираме – рече Мицкоски.