Никаде во ниедна земја кога се воспоставувала правда, не било лесно. Можеше и Заев да ги заташкува работите за предметот „Рекет“, ама тој не го стори тоа, туку напротив, го пријави случајот во Јавното обвинителството, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во денешната ТВ дебата со Христијан Мицкоски
– Сите обвинувања за мене дека сум вклучен во „Рекет“ се алатка на опозицијата. Јас го пријавив случајот. Мицкоски изигрува баба Ванѓа. Секој што си правел криминал, тој ќе си одговара. Така се прави тоа во една слободна држава. Ова моето е европски пример за тоа како треба да постапува еден политичар – рече Заев.
Мицкоски, пак, го обвини дека не ја зборува вистината.
– Фатени сте дека не ја говорите вистината. Се знае како изгледа еден записник. Откако видовте дека ѓаволот ја однел шегата, тогаш вие се вадевте на тоа дека сте го пријавиле случајот „Рекет“ во Обвинителството. Како може да не знаете дали имало записник? Граѓаните ќе си го кажат своето на 12 април – рече Мицкоски.