Заев кон Мицкоски: Доста веќе со тоа „трас-трас“

976

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека исто како да го слуша Никола Груевски, а притоа го замоли соговорникот да престане да го користи терминот „трас-трас“.

– Ова е истата матрица, исто како да го слушам Груевски. И тогаш и сега постои уверувањето дека извршната власт е одговорна за судската. Извршната власт ги овозможи законите. Ние очекуваме судството да ги носи одлуките самостојно и независно. Затоа постојано кажувам дека не можете да се одлепите од Груевски, ги зборувате истите работи како него. И доста веќе со тоа „трас-трас“ – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...