Заев и Мицкоски се согласија за коронавирусот: Најважно е здравјето на граѓаните, изборите се секундарни

302

Определен е период во којшто е забранети собири поради коронависрусот и верувам дека тој период наскоро ќе заврши, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебатна емисија на Канал 5.

– Многу е важно народот да биде спокоен. Рано е да се зборува за евенутално одложување на изборите поради коронавируост – рече Заев.

Неговиот најголем политички опонент, Христијан Мицкоски, порача дека изборите не се најважни во моментов, туку здравјето на народот.

– Првиот случај е забележан и лошо е тоа што воопшто се дозволи такво нешто, бидејќи превентивата затаи. Важно е да останеме присебни и да не креваме паника. Стручните луѓе треба да разговараат и да ги надминат предизвиците. Ние како партија сме на располагање. Засега нема индиции за евентуално одложување на изборите, но она што е најважно е да не се дозволи ескалација на ситуацијата. Најважно е здравјето на народот, изборите се секундарни – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...