Во пресрет на дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5, каде што вечерва ќе се соочат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, водителот Гоце Михајловски откри дел од прашањата кои ќе им ги постави на двајцата лути политички ривали.
– На почетокот ќе зборуваме за актуелните теми како што е Законот за јавно обвинителство, борбата за правда, како и за предметите „Рекет“ и „27 април“. Потоа, ќе зборуваме за евроинтеграциите и за членството на земјава во НАТО, а нема да бидат изоставени ниту прашањата околу договорите за добрососедство што ги постигна Македоија со Бугарија и со Грција. Очекувам да имаме интересна дебата, а лидерите треба да пристигнат во студиото за околу петнаесетина минути – рече Михајловски во вестите на Канал 5.
Дебатната емисија ќе започне во 18:30 часот.