Нејмар третпат ја тужи Барселона, сега бара 6,5 милиони евра

137
ФОТО: EPA / WALLACE WOON

„Мундо Депортиво“ објави дека бразилската фудбалска ѕвезда по третпат ја тужи Барселона, овојпат барајќи 6,5 милиони евра поради данокот за „фиктивни договори“ што сам мораше да го плати. Претходните две, кои не се решени, се однесуваат на лојалноста што ја имаше кон клубот.

Нејмар од 2017 година е член на ПСЖ, но неговата сага со Барселона сè уште трае. Бразилецот пред три години реши да замине од „Камп Ноу“ и да ја прифати 222 милиона евра вредната понуда на „светците“. Меѓутоа „конекцијата“ со Барса остана.

Медиумите забележуваат дека Нејмар ја тужи Барселона по секој неуспешен обид за враќање на „Камп Ноу“, но Бразилецот не сака така лесно да дигне раце од пари за кои е убеден дека има право.

Нејмар настапуваше за Барселона од 2013 година до 2017 година и во тој период одигра 185 меча и постигна 106 гола.

ФОТО: EPA / WALLACE WOON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...